(ВИДЕО) Шкријељ: Жените земјоделки ќе можат да користат платено отсуство за мајчинство

Од:

Владата предводена од СДСМ донесе одлука со која жените земјоделки ќе можат да користат платено отсуство за мајчинство. Со усвојувањето на Програмата за обезбедување на социјална сигурност за жените кои вршат земјоделска дејност, ќе започне реазлизацијата на посебна мерка за финансиска поддршка во износ од 81.000 денари за деветмесечен надоместок за мајчинство, истакна на денешната прес-конференција Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ.

Оваа програма, рече Шкријељ, е креирана по иницијатива и со директна соработка со жените кои вршат земјоделска дејност, кои работат и живеат во рурални средини и остваруваат приход од земјоделска дејност, а досега не добивале платено породилно отсуство.

Според неа финансиска поддршка за надоместок за мајчинство, ќе се доделува на жена која е запишанa во единствениот регистар на земјоделски стопанства како носител или член на семејно земјоделско стопанство, семејно земјоделско стопанство во кое членува да остварило финансиска поддршка за 2021 година во износ од најмалку 100.000 денари или остварен приход од вршење на земјоделска дејност во висина од најмалку 300.000 денари.

„При тоа, потребно е и да има непрекинат статус на осигуреник Индивидуален земјоделец согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување во времетраење од 12 месеци пред раѓање на детето. Финансиска поддршка за надоместок за мајчинство, ќе се доделува на жена која родила дете во периодот од 01.12.2022 до 01.12.2023 година“, појасни таа.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници