(ВИДЕО) Шкријељ: Усвоени измените на законите за детска и социјална заштита

Од:

„Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ продолжува со вистинска грижа за граѓаните. Собранието ги усвои измените на Законот за детска заштита и Законот за социјална заштита, што носат дополнителни придобивки за граѓаните од ранливите групи. Со Законот за заштита на децата го уредивме правото на посебен додаток, кој го има еден од родителите на детето, старател или лице на кое со решение на надлежниот центар за социјална работа му е доверено детето и живее самостојно со него до навршени 26 години“, рече Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ.

„Висината на посебниот додаток за сите три подвидови на корисници се зголемува за 15 отсто, што е особено неопходно имајќи го предвид покачувањето на трошоците за живот.

На овој начин, во време на економска криза, ја подобруваме финансиската состојба на корисниците на правото на посебен додаток.

На вчерашната седница беа изгласани и измените на Законот за социјална заштита, со цел да се овозможи родител кој има дете со попреченост да користи траен надоместок на порана возраст.

Истовремено, со измените се предвидува меѓу корисниците на лична асистенција да бидат опфатени и лица со комбинирана попреченост.

Со законските измени се намалува возрасната граница кај правото за траен надоместок за родители кои до 26-тата година се грижеле за дете со попреченост без да биде згрижено во институција, односно намалувањето е од 62 на 60 години за жени, односно од 64 на 62 години за мажи.

Во услугата за лична асистенција која опфаќа индивидуална помош и поддршка за лица од 6 до 65 годишна возраст се вклучуваат и лицата со комбинирани пречки.

Ова, почитувани е чесен, искрен и одговорен пристап кон нашите сограѓани. Ова е сосема различен пристап од деструктивниот неодговорен однос на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ,

Трета недела, Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории чека колегите од ВМРО-ДПМНЕ да закажат седница на Комисијата за финансирање и буџет на која би се разгледувале измените и дополнувањата на Законот кој опфаќа дополнителна финансиска поддршка на најранливите наши сограѓани.

Потребата од носење на овој закон по скратен постапка заеднички ја утврдивме уште на 18 октомври. За разлика од деструкциите и блокадите од ВМРО-ДПМНЕ, ние како парламентарно мнозинство продолжуваме со вистинска и конкретна грижа за сите наши сограѓани, особено за најранливите категории“, изјави Санела Шкријељ, пратеничка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел