(ВИДЕО) Шкријељ: СОНК да ги напушти уцените, децата да се вратат на училиште

Од:

„Интересот на децата и нивниот образовен процес треба на сите да ни бидат на прво место. Ново губење часови, откако изминатите две години наставата се одвиваше во отежнати услови поради пандемијата е на штета на децата. Особено голема штета може да им биде нанесена на илјадници матуранти, бидејќи се поблиску се роковите за полагање матура и завршен испит“, рече Санела Шкријељ, пратеничка од СДСМ.

„Апели за децата да се вратат во наставните клупи со право пристигнаа и од УНИЦЕФ и од Народниот правобранител. Правото на образование е загарантирано со Уставот, исто како и правото на штрајк, но штрајкот не смее да биде на штета на децата, а учениците и нивните родители да се држат во неизвесност.

Неопходно е раководството на СОНК да го прекине штрајкот, да овозможи учениците да се вратат на училиште, а своите барања да ги остварува во дијалог со надлежните институции. Владата веќе понуди конкретно решение, а тоа е зголемување на платите во висина од 10 отсто, односно плати повисоки од 2.500 до 3.000 денари по вработен и тоа во време на криза.

Одбивањето на овој предлог е неконструктивно, прво, затоа што законските рокови за усогласување на платите од 6 месеци се уште не се истечени.

Второ, затоа што токму СДСМ во изминатите 4 години ги зголеми платите во образованието за 21% и токму оваа политичка опција е посветена на покачување на платите во сите сектори.

Истовремено значително се инвестираше во изградба, реконструкција и опремување на училишта и градинки. Се изградија голем број на училишни спортски сали, оваа учебна година опремивме 264 кабинети по природни науки и издвоивме 54 милиони денари за образовни асистенти кои веќе им се на располагање на децата со попреченост.

Да не заборавиме во ниту еден момент дека училиштата се за децата и улогата на сите чинители во тој процес е да обезбедат квалитетно и инклузивно образование за секое дете.

Го повикуваме раководството на СОНК да се врати на дијалогот, не само за покачување на платите, туку и за нов општ договор и нова методологија за постојан раст на платите во образованието и детската заштита. Платите во образованието ќе се зголемат, ќе има нова методологија за постојан раст на платите, но наставата мора да продолжи“, соопшти Санела Шкријељ, пратеничка од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години