(ВИДЕО) Шкријељ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да најдат решение за хаосот што го создадоа во Скопје

Од:

„Делумното повлекување на блокадата не значи и решение на хаосот во Скопје што го создаде ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните на Скопје живеат во заглавен град, со колабиран јавен превоз, целодневен сообраќаен метеж. Голем дел од средношколците и студентите пропуштија сериозен фонд на часови затоа што не успеваа навреме да се пробијат низ блокадите на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Санела Шкријељ, пратеничка.

„Многу родители не успеваа навреме да ги однесат своите дечиња во градинките каде што времето за прием е строго утврдено. Штета трпат и лицата кои не успеваа навреме да стигнат на медицински прегледи, контроли и интервенции.

Стотици илјади граѓани трпат штети поради кавгата на Мицкоски со Арсовска, заради тендери, провизии и раце во медот.

Градоначалничката, претседателот на Советот, мнозинството во Советот на Град Скопје, директорите и членовите на управните одбори на јавните претпријатија во Скопје сите се кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да ја префрлаат кавгата низ улиците во Скопје и да се изживуваат врз граѓаните имаат обврска да седнат и да најдат решение за проблемот.

Арсовска, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прво мора да им се извинат на граѓаните за штетите што ги предизвикаа, а потоа да најдат решение за проблемот што го создадоа и да го ослободат и Скопје, но и државата од блокади и хаос.

Доста беше изживување врз граѓаните, врз работниците, врз учениците , студентите и пензионерите“, изјави Санела Шкријељ, пратеничка од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни