(ВИДЕО) Шиповиќ остана сам со ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски ја напушти работата на седницата на Советот.

Кажа дека не сака да учествува во работа на незаконска седница.

„Се продолжува да се работи незаконски. Граѓаните јасно ќе видат кој учествува во оваа работа, кој утре ќе биде одговорен за тоа што ќе се случува на падините на Водно. Тој што ќе остане и ќе гласа за ДУП-овите ќе остане да живее со својата совест“, рече Жерновски.

Седницата ја напуштија и СДСМ и коалициските партнери, а Мирослав Шиповиќ, кој цело време беше контра ставот на неговата партија и гласаше за дневниот ред, остана сам во салата со советниците на ВМРО-ДПМНЕ.

„Поради незаконско и бесправно ставање на овие точки, коалицијата на СДСМ и коалициските партнери ја напуштија седницата“, изјави Игор Алаџајков, координатор на советничката група.

Би можело да ве интересира

Обвинителството го повлече обвинението за „Претседавач“

Ана Ололовска

Жерновски: Односите со Шиповиќ се нарушија по неговото гласање со ВМРО-ДПМНЕ за 10-катница на Водно

Наум Локоски

(ВИДЕО) Шиповиќ ја повлече поднесената оставка

Наум Локоски

Почина сведок за време на судењето за случајот „Претседавач“

Ана Ололовска

Жерновски: Не ти се лутам тебе, туку на оние кои ти го сторија тоа

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шиповиќ контра ставот на СДСМ

Емир Латифовиќ