(ВИДЕО) Шимиќ: Во тек е изградба на нова градинка во Драчево

Од:

„Општина Кисела Вода предводена од Градоначалникот Филип Темелковски заедно со Советот на општината каде мнозинството е од редовите на СДСМ и коалицијата континуирано работат на подобрување на животот во Кисела Вода.

Во таа насока е изградбата на новата модерна детска градинка во населбата Драчево. Оваа градинка ќе се простира на површина од 600 квадратни метри, која ќе биде енергетски ефикасна и ќе има капацитет да прими вкупно 125 деца“, изјави Дарио Шимиќ, претседател на Советот на општина Кисела Вода.

„Предвидено е да има и паркинг простор, а на површина од 1320 метри квадратни во план е да се изврши партерно и хортикултурно уредување.

Со изградбата на градинката после долги години конечно ќе се реши проблемот на жителите од оваа населба и ќе ги намалиме листите за упис на деца во градинките „8 март“ и „Пеперутка 1 и 2“ во Драчево“, вели претседателот на Советот на општина Кисела Вода.

„Локалната и ценралната власт предводени од СДСМ постојано вложува во раниот детски развој којшто е клучен за напредокот на секое дете.

И затоа посветено продолжуваме да работиме во интерес на нашите сограѓани!“, додава Шимиќ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија