(ВИДЕО) Шилегов: Зборот на Груевски во политиката не вреди веќе ништо

Од:

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов одговарајќи на новинарски прашање дали има планови за коалиции, со оглед на тоа дека треба 61 пратеник за да се формира влада, рече дека роковите за формирање влада се законски, за евентуалните коалиции благовремено ќе ја информираат јавноста.

На прашањет дали СДСМ останува на стариот став и предизборното ветување за екстерното, Шилегов со потврден одговор.

Секако дека остануваме, кажавме дека на првата седница ќе го укинеме екстерното тестирање. Екстерното тестирање стана метод за уценување на наставниците и е стрес за учениците.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека претседателот треба ним да им го довери мандатот?

Зборот на Никола Груевски во политиката, вреди колку и денешниов приказ. Зборот на Груевски вреди колку и неговото ветување пред три години дека ќе изгради нов клинички центар. Зборот на Груевски во политиката не вреди веќе ништо. Колку побрзо внатре во ВМРО-ДПМНЕ сфатат дека треба да го снема Груевски од политичката сцена, толку подобро како нив за партија, толку подобро за Република Македонија како држава. Искрено се надевам дека во блиска иднина ќе се најдат сили во ВМРО-ДПМНЕ кои ќе му кажат на Груевски дека неговото е завршено, рече Шилегов.

На прашање каде би се градел клиничкиот центар што го најавува СДСМ, Шилегов кажа дека тоа ќе биде истото место.

-На истиот простор, меѓутоа со посветено работење, со поветена работа со парите на граѓаните, а не со луксузирање и со фрлање на парите на граѓаните заради приватните фрустрации на Никола Груевски и за изградба на нефункционални и непотребни објекти.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

(ВИДЕО) СДСМ: Криминалецот Симе пука и го цитира Шешељ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка

СДСМ: Мицкоски не сака да ги покачи платите на работниците, нема веќе изговори, сè е јасно како ден

Горан Наумовски