(ВИДЕО) Шилегов: Во куќата на Миле има повеќе владини соработици, за кој договор мисли?

Од:

Кој договор за закуп го раскинува министерот Миле Јанакиески, бидејќи зборуваше во еднина? Kуќата на Јанакиески во Прилеп била многу посакувано седиште во Република Македонија, па на таа адреса се водат повеќе фирми и проекти што добиле тендери од Владата за милионскиот проект Пречистителна станица, вели Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

-Дали Јанакиески го раскинува договорот за кирија со германската фурма Лудвиг Фајфер, сместена на неговата адреса, Браќа Ламески 32 во Прилеп?

proekt rehabilitacija k mreza Prilep B.Lameski 32

-Дали Јанакиески го раскинува договорот со проектот од Влада – Рехабилитација и продолжување на канализациската мрежа во Прилеп, сместено на истата адреса, Брака Ламески 32 Прилеп? Еве документ од официјалната страница на Управата за јавни приходи, дека овој Проект на Владата е вдомен на истата адреса со Лудвиг Фајфер.

nadzor izved.raboti B.Lameski 32 Prilep

-Или можеби Јанакиески го раскинува договорот со проектот од Влада, со назив Надзор на изведувачки работи за инвестицискиот проект Пречистителна станица? Погледнете од овој официјален документ од УЈП, ова правно лице е регистрирано НА ИСТАТА АДРЕСА, Браќа Ламески 32 Прилеп!

Колку листови А4 формат залепил Миле Јанакиески на неговата врата?

Бидејќи Проектот за надзор е избран на посебен тендер спроведен од Министерството за финансии од Проектот за реконструкција на канализациската мрежа, еве официјален документ од Европската комисија:

-Дали тоа значи дека сите овие фирми, проекти, владини соработници, од сите можни локации низ Македонија, случајно се нашле по улиците на Прилеп, случајно налетале на огласите на А4 формат што ги залепил Миле, случајно станале соседи во истата куќа? А при тоа, случајно, сите овие фирми работат во истиот проект финансиран од европски пари, но и од пари на граѓаните на Република Македонија?! Дали за да соработуваат подобро, и изведувачите и надзорот се сместени на исто седиште – во куќата на министерот Јанакиески.

Затоа ли Миле Јанакиески побрза да каже дека од многу чесност “раскинува договор за закуп“?

Tekovna sostojba 2

Затоа ли вицепремиерот Зоран Ставрески сака да се сокрие позади заканите за тужба?

Зашто Министерството за финансии што го раководи Ставрески не дало само еден тендер, на германската фирмата Лудвиг Фајфер со седиште кај Јанакиески. Министерството за финансии одобрило уште најмалку еден тендер: и на германско – македонски конзорциум чијшто Проект е исто така сместен кај Миле Јанакиески!

Tekovna sostojba

Во куќата на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во Прилеп се сместени една германска фирма соработник на Владата и два проекта на Владата на Република Македонија, едниот изведувач, другиот надзор!

Има право Зоран Ставрески. Времето истекува, ама истекува за власта на Никола Груевски. Потоа се ќе биде појасно. А и правдата ќе си го најде своето место.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира

ЗНАМ: СДСМ се во длабока криза и прашање е нивниот опстанок после локалните избори

СДСМ: Максим Димитриевски измеќари кај Мицкоски за да се спаси од прогон

Кузеска: Мицкоски води теснопартиски интереси и слугува на туѓи држави