(ВИДЕО) Шилегов: Ова се партиско-фамилијарните инсталации на ВМРО-ДПМНЕ во Уставен суд

Од:

Ќерката на Елена Гошева, првата судика во Уставниот суд, Слободанка Гошева била потпретседателка на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ, УМС. Сопруг на Слободанка Гошева Гиевска е Игор Гиевски, поранешен претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ. Слободанка Гошева Гиевска, беше претседател на Пописна комисија во пописот што не се спроведе, рече Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Сопруг на Елена Гошева е  Ѓорѓи Гошев, поранашен директор на Студентски центар, назначен од ВМРО-ДПМНЕ.

Фамилијата Гошеви не само што е директно поврзана и наградувана од ВМРО-ДПМНЕ со високи позиции во државата туку ова семејство преку Слободанка Гошева учествувало и во слични изборни измами при гласањето за време на избор на студентски лидер во 2002 година, обидувајќи се да ги демолира гласачките кутии и да врши притисок врз студентите при гласањето.

Наместо да го штитат Уставот и уставниот поредок партиските инсталации во судството го рушат функционирањето на правдата и правната држава. Се, за фамилијата.

СДСМ и граѓаните нема да дозволат на ниту да се штити изборен криминал ниту да се превенира нечија намера за повторен изборен грабеж.

Во Македонија ќе владеат европските вредности.

Секој што го прекрши законот ќе одговара.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали криминалецот Симе е поврзан со Гордана Димитриевска Кочоска и нејзиниот татко?

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните

СДСМ: Нова слика на Мицкоски – старо друштво

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?