(ВИДЕО) Шилегов: Оградата пред Влада е симбол на стравот на Груевски

Од:

„Никола Груевски се оградува од народот, од граѓаните. Оваа барокна ограда, од ковано железо, е најголемиот симбол на стравот на Никола Груевски. Груевски се плаши од револтот кај граѓаните коишто не сакаат нечесни политичари“, рече на денешната прес конференција, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

„Груевски се плаши од одговорност за криминалот, корупцијата, за сите злоупотреби во изминатите девет и пол години, сé она што се потврди со доказите од проектот Вистината за Македонија.

Дури и во време на еднопартискиот систем, оваа зграда не само што не беше оградена, туку просторот пред неа беше еден од поубавите јавни простори.

Но, Никола Груевски се навикна сопствените комплекси и стравови да ги прикрива со нови узурпации на јавниот простор, на парковите, зеленилата, плоштадите…зашто се залажува дека тоа може да го спаси.

Нема ограда што може да му помогне на Груевски.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија јавно се обврзува, дека по победата на изборите во април, оградата околу зградата на владата ќе биде извадена.

Овој простор повторно ќе им биде вратен на граѓаните“, изјави Шилегов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?