(ВИДЕО) Шилегов: Несоодветното постапување на Јавното обвинителство го прави соучесник во насилствата и поттикнувач!

Од:

„Јавното обвинителство мора целосно да го рашчисти насилството во Собранието. Сo упадот во Собранието извршени беа тешки кривични дела. Се случи терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, беше направен обид за убиство на пратеници, беа нападнати новинари, и вработени во Собранието.

Мора да има брзо и ефикасно решавање на сторените тешки кривични дела. Тоа се очекувањата на целата македонска, меѓутоа и меѓународна јавност.

Секое несоодветно постапување од страна на Јавното обвинителството и надлежните обвинители, го прави овој државен орган, и нив поединечно, соучесници и помагачи на извршеното насилство кон највисокиот законодавен дом на Република Македонија.

Ваквото непостапување на Јавното обвинителство, дополнително ги охрабрува протестантите, па вчера резултираше со дополнителни закани и насилничка реторика на учесниците на протестите.

Млаката реакција, на надлежното обвинителство ги мотивира и учесниците и организаторите на протестите да повикуваат и практикуваат насилство.

Пример за ова се и заканите по животот упатени кон високи функционери на СДСМ кои се случија за време на вчерашниот протест.

Го повикуваме Обвинителството да работи сериозно, да ги утврди сите кривични дела кои што претставуваат рушење на законодавниот дом и правилно, правно да ги квалификува истрагите и обвиненијата, да бидат опфатени сите лица коишто го нарачале, помогнале и извршиле нападот врз Собранието, пратениците, полицијата, вработените и новинарите во Собранието“, изјави Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски