(ВИДЕО) Шилегов: Нема да не замолчат

Од:

Еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ цела недела по нарачка мафта со еден лист.
Еве и јас ви го покажувам истиот тој лист којшто тој го покажува. Тоа е мојот Анкетен лист. Ова не А4 лист што јас го лепам по врати. Овој лист не е сокриен од јавноста, вели Шилегов. 

Ова е Анкетен лист што сум го доставил до официјален орган. Антикорупциска комисија. И е имот што јас го имам пријавено како свој имот. Секој кој сака, може да влезе на веб страната на Антикорупциска комисија и да го види истото ова со кое што они мафтаат 10 дена.

И што е сега откритието на ВМРО-ДПМНЕ? Јас лично сум ги соопштил податоците во Анкетниот лист на јавноста. Пред тие воопшто и да помислат дека го имам.

Јас 20 години работам како адвокат. И ќе продолжам да работам како адвокат. И сам заработувам. Ниту сум молел, ниту ќе молам некого за плата. Најмалку Никола Груевски.

Не земам пари од граѓаните. Што сака ВМРО-ДПМНЕ?
Сите во државата да бидеме сиромашни, за да може да не држи на кратко јаже, да управува со нашите животи? Со нашите мисли?

И можете да го плукате Шилегов, да го монтирате на разни фотографии.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Петре Шилегов нема да замолчат за грабежот, за криминалот, за убиството на македонскиот народ, овие 9 години.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Тоа што СДСМ го создаде ДПМНЕ го руши, укинати здравствените услуги во Неготино

Велевски: Кавадарци е наш дом, време е за достоинствена иднина, без корупција и крупни бизниси

Филипче: Со Лазар Петров Демир Капија станува модерен винско-туристички центар во југоисточна Македонија

СДСМ: Власта е уплашена и нервозна, искршени стакла на изборниот штаб на СДСМ во Градско

Катерина Ѓуровски

Филипче: СДСМ не работи по принципот „вети – заборави”

А1он

(ВИДЕО) Шукова: Скопје без хартија дигитален град за сите