(ВИДЕО) Шилегов: Некои „чудни сили“ ноќеска се обидоа да го демолираат зелениот кров на ГТЦ

Од:

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, преку неговиот фејсбук профил информираше дека се приведени лица кои се обиделе да го демолираат зелениот покрив на ГТЦ.

Тој објави и видео од настанот.

„Во текот на вчерашниот ден го најавив завршувањето на зелениот кров на ГТЦ и види чудо, одеднаш, некои ‘чудни сили’ решиле ноќеска да направат обид за негово демолирање. Сторителите се фатени на дело, приведени и предадени во полиција.

Јас, заедно со Вас почитувани, ќе бидам упорен во борбата за овој град да стане поубав и попристоен, а „чудните сили” нека тераат. Осудени се на пропаст“, напиша градоначалникот Шилегов на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски