(ВИДЕО) Шилегов: Ќе се засадат 1.200 дрвја во сите скопски општини

Од:

Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“, денеска на првиот ден на пролетта, симболично засадија десет декоративни садници од видовите туја розенталис и ацер и 1.200 цвеќиња од видот виола – темјанушка во дворот на ОУ „Мирче Ацев“, во општината Ѓорче Петров, каде присуствуваа градоначалникот Петре Шилегов, градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумовски, директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Ардијан Муча и ученици од ова основно училиште.

– Во тек е редовното пролетно уредување на јавните зелени површини во градот. Оваа пролет е предвидено да се засадат повеќе од 1.200 повеќегодишни висококвалитетни листопадни и зимзелени садници во сите скопски општини. Работиме и на обновување на средишното булеварско зеленило. Градот од оваа пролет ќе биде побогат и за неколку нови паркови чие оформување е во тек, рече Шилегов.

Деновиве се работи на уредување на новиот парк „Ибни Пајко“ зад зградата на Филхармонијата, на обнова на зелените површини во Центар и во Карпош на булеварот „Партизански одреди“, на парковите на булеварот Февруарски поход и булеварот Србија во Аеродром, на булеварот „Борис Трајковски“ во Кисела Вода, на улицата Втора македонска бригада во Чаир, како и на паркот во близина на студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“, соопшти прес-службата на Град Скопје.

Градоначалникот додаде дека зазеленувањето останува на врвот на приоритетите на Град Скопје и дека со враќањето на зеленилото во градот се подобрува животната средина и квалитетот на воздухот.

Би можело да ве интересира

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција