(ВИДЕО) Шилегов: Ние ќе изградиме нов клинички центар, Груевски и Тодоров си изградија партиски дворец

Од:

Посакувајќи многу здравје во Новата 2017 година, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов најави изградба на нов, модерен и функционален Универзитетски клинички центар за потребите на сите граѓани во Македонија.

Здравствените услуги ќе бидат високо квалитетни.

Ќе го вратиме концептот на единствен Универзитетски клинички центар во којшто сите клиники ќе бидат функционално поврзани.Нема да ве препраќаат како досега од клиника во клиника.

Овие тараби зад мене што сведочат за неодговорните криминални политики на досегашната власт, ќе бидат минато, исто како што е веќе минато нивниот носител Никола Груевски, рече Шилегов.

Груевски заедно со Никола Тодоров, токму овде на овој ден, на 2 јануари 2014 се шеташе покрај овие поставени тараби во Клиничкиот центар во Скопје и ви вети нов Клинички центар во Скопје до 2 јануари 2017 година.

Денеска е 2 јануари 2017. Реалноста, како што гледате, се само тарабите.

Изминатите три години вие доаѓавте овде, сами, со болни деца, со болни родители, болни соседи, со надеж дека кончено од вашите пари од даноците ќе почне да се гради Клиничкиот центар. Наместо тоа, гледавте како во центарот на Скопје никне друг грамаден објект, ама не потребниот Клинички центар за вас, туку партискиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ за којшто отидоа, според некои проценки, над 30 милиони евра.

Затоа избравте промени. Го поддржавте Планот за живот во Македонија. Тоа е нашата најголема обврска.

Од оваа 2017 година почнуваме да го создаваме животот што го избравме.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања