Со исполнување на двата основни предуслова а тоа е одлагање на изборите и повлекување на криминалната аболиција на Ѓорге Иванов за којашто денеска спремаме во Собранието негова одговороност, се исполнети минимум условите за да отпочне политичкиот дијалог. Со цел да се создадат услови како би можела Македонија да организира фер, слободни и демократски избори, рече Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.
СДСМ смета дека политичкиот дијалог како начин на излез од оваа криза е неопходен како би можеле уште есенва да организираме слободни, фер и демократски избори.
Прашањето за обезбедување на тие услови се неколку, доколку се има политичка волја тоа може да се разговара и да се договори во текот на неколку дена, да влеземе во сериозна имплементација на тие услови и да ја надминеме политичката криза во државата.
Имате ли контакти на пониско ниво?
ВМРО-ДПМНЕ очигледно е дека бега од исполнување на услови за фер, слободни и демократски избори. Они се единствената политичка структура на којашто ваков тип на избори не им одговара затоа што во криминалните очигледно е дека добро се снаоѓаат. За нас во моментов не е до крај битно кое ќе биде нивото на политичката комуникација, битно е таа да се оствари за да се надминат овие недоразбирања за организирање на слободни, фер и демократски избори.
Сметаме дека на било кое ниво треба да опочнат минимум разговори киоишто веројатно би се крунисале со лидерска средба, тоа се прашања, повторувам, доколку се има волја може да се реализираат уште во текот на денешниот ден.
Ахмети изјави дека е невозможно на есен да се организираат изборите?
Ако денеска ги договориме условите и почнеме со имплементација нема зошто да биде незовможно. Повторно кажувам, желбата и политичката волја се категории кои очигледно не се присутни кај владејаките структури. Нив им одговара да се задржи сатус кво, нив им одговара Република Македонија да нема фер, слободни и демократски избори.