(ВИДЕО) Шилегов: Имаме план за живот и во реканскиот крај

Од:

„Се наоѓаме во Дебар, во реканскиот крај. Овдека каде што природата дала, дала, предала и разговараме со нашите граѓани.

Маките во Дебар се исто големи како и секаде, особено прашањето за иселувањето на младите. Социјалдемократскиот сојуз токму заради тоа и го состави Планот за живот во Македонија, да ги задржиме младите да живеат овде, во ова прекрасно место.

Да ја изградиме инфраструктурата достојна на дебарчани. Да не ги кршат ниту автомобилите по патот по кој што возат, ниту пак да имаат проблем со комуникацијата. Дебар мора да биде поврзан со остатокот од Македонија со една современа, со една современа сообраќајница.

Во овој крај баш со изградба на таа инфраструктура ќе можеме да помогнеме да се развие и туризмот, да се развие еколошкиот туризам, баш заради толку прекрасната природа која што ја имаме.

И да ги задржиме и младите, да на младите им дадеме и волја и сила и да ги поттикнеме да отвараат сопствени бизниси. Токму заради тоа Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во сопствената програма предвидува 10.000 евра, неповратна помош за најдобрите бизнис идеи.

Меѓутоа и за помагање на бизнисите на младите, кредити државни од 15.000 евра со само 1 процент камата, за да тие деца застанат на своите нозе, за да тие деца останат овде, го развијат бизнисот, заработат за добар и за подобар живот.

Самовработувањето е еден од најдобрите начини, овдека се еснафлии луѓе, дуќанџии луѓе, знаат дека тоа може да го направат и таа иницијатива кај луѓето мораме да ја помогнеме.

Во Македонија доаѓа слободата, во Македонија доаѓа животот, животот дебарчани овдека денеска шетајќи низ чаршијата ме убедува дека после 11-ти декември ќе го вратиме во нашите раце.

Луѓето ќе ја дадат поддршката, луѓето застануваат позади нашиот План за живот во Македонија, Македонија ќе биде слободна, современа европска држава, заедничка за сите луѓе, без оглед на нивната политичка, верска или национална припадност“, изјави Петре Шилегов во Дебар, носител на кандидатска листа во ИЕ 6.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема