ВИДЕО: Шилегов го повика Пендаровски заедно да го уредат целиот покрив на ГТЦ

Од:

На затворањето на меѓународниот фестивал на европски филм – CINEDAYS што вчеравечер се одржа на зелениот покрив на Градскиот трговски центар градоначалникот Петре Шилегов го повика претседателот Стево Пендаровски заедно да го уредат целиот покрив на овој култен објект во Скопје.

– Фестивалот CINEDAYS не само што успешно ја пребродува короната, туку тоа го прави и на најдобриот можен начин, реоткривајќи ги културните простори во Скопје. Дел од проекциите на фестивалот се одржаа пред поранешните кина Маџари, Влае, Кисела Вода, Напредок. И еве сме, пред еден предизвик. Јас сум спремен, претседателе Пендаровски, како градоначалник да го финансирам проектирањето и ве повикувам вас, заедно да го уредиме овој простор како нов културен простор, а во име на кандидатурата на нашиот град за Европска престолнина на културата во 2028 година. Заеднички, вие како покровител, а јас како реализатор, да отвориме еден нов културен простор како што е покривот каде што вечерва се наоѓаме – рече градоначалникот Шилегов.

Тој изрази убедување дека Градот Скопје ја оправдува довербата на граѓаните кога е во прашање културниот живот во Скопје.

– Верувам и дека за неколку години од сега со гордост ќе ја носиме титулата Европска престолнина на културата. Особено ми е драго што вечерва се наоѓаме на покривот на култниот објект во нашиот град – Градскиот трговски центар, кој не само што успеавме да го сочуваме од барокното лудило, туку успеавме и да го зазелениме, повторно да го заживееме, а згора на тоа и да го отвориме овој простор за нови културни настани – додаде Шилегов.

Би можело да ве интересира

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он

Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“