(ВИДЕО) Шилегов: Дали Груевски и Ставрески бегаат од позадината на случајот Субрата Рој?

Од:

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ скриени позади соопштение синоќа се охрабрија и признаа – инвеститорот мултимилијардер Субрата Рој бил наводен. Отидоа дотаму што тврдат дека, замислете, никогаш како Влада не рекле дека индискиот партнер кој им заврши во затвор поради криминал, ќе инвестирал во Македонија, рече Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Тој партнер кој наводно ја избра Македонија за инвестициска зона оти тука немало корупција. Тој на кого, му дадоа плодна земја речиси за без пари, плажи и води заштитени од УНЕСКО, за кој се менуваа закони, додава портпаролот на СДСМ.

Свежи се сликите со прегратки на Груевски и Ставрески со контроверзниот Рој. Но еве и документи, за потсетување на она што се лажат дека може да се заборави, вели тој.

30 јануари 2014, стенограмски забелешки на Собраниската седница:

Прашавме каде е помпезната инвестиција најавена во 2013, четири одвоени фарми за крави, климатизирани, со механичко молзење, каде се 20.000 крави, каде се 2.000 вработувања, бидејќи зад заораната бразда од Ставрески, има само трње.

Тогашниот министер за земјоделство во Владата на Груевски рече дека – едно било она што се гледало од страна, а друго што навистина се случува и тврдеше дека е во тек најинтензивна фаза на почеток на реализација на проектот.

Еве стенограмски белешки од Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство одржана на 24.07.2013.

Прашавме, како од 30 пријавени фирми, на јавното наддавање победила фирмата на Субрата Рој? Почетната цена била 120.000 евра и индиецот ја добил токму за 121.000 евра?!

Претставникот на Владата убедуваше дека другите понуди биле неприфатливи, дека бизнис плановите не биле во согласност со стратегиите на Владата. Плановите на Рој биле во согласност со очекувањата на Владата.

На истата седница укажавме дека над 5000 хектари непроценливо плодно земјоделско земјиште буквално му се подарува на индиецот, бидејќи Субрата Рој ја добива земјата од Џумајлија за само 120 денари од декар.

Укажавме и дека околу 400 илјади евра субвенции од државата за Рој ќе значи покривање на неговата обврска за концесија од 120 илјади евра и дека дури Владата ќе му исплати 280 илјади евра од Буџетот на Република Македонија.

После пресудата на Врховниот суд на Индија, којшто побара да му се замрзне имотот Субрата Рој, пак прашавме зошто индиецот е сеуште најпосакуваниот инвеститор за Владата.

Апелиравме дека со величењето на Субрата Рој, Македонија го губи сопствениот углед и кај странските и кај домашните инвеститори.

И што се случи наместо да се раскине договорот и тогаш штетите да бидат помали?

За Субрата Рој се смени дури и Законот за државјанство и еден од неговите синови доби дури државјанство на Република Македонија.

Да не зборуваме за дадените километарски плажи на Охридското езеро, па дури и дозвола за градење во водите заштитени од УНЕСКО.

После сето ова Груевски и Ставрески немаат право да се кријат зад соопштенија.

Треба да излезат и јавно да соопштат колку ја чини Македонија нивниот бизнис договор со Субрата Рој и лично да ги понесат сите трошоци за како што велат “наводниот“ инвеститор.

И конечно дали епизодата наречена Субрата Рој во себе не содржи заднина некој друг да може непречено да го приграби целото охридско крајбрежје?

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ обвинува дека ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП за инает на Арсовска

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

(ВИДЕО) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

СДСМ: Кој ќе одговара што институциите не ги предупредија луѓето, ги оставија да дишат штетни отрови и не ги евакуираа?

Филипче: Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот, да нема протести, да нема никаква организација