(ВИДЕО) Шилегов: Целосна реконструкција на улицата „Димитрие Чуповски“

Од:

Град Скопје започна да работи на две сериозни позиции, целосна реконструкција на улицата „Димитрие Чуповски“ и дилатација на мостот „Гоце Делчев“, изјави денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Наведе дека градежните работи се неопходни со цел целосно обновување на инфраструктурата што, како што рече, долги години не била зафатена.

Изрази очекување дека градежните работи на улицата „Димитрие Чуповски“ ќе завршат многу скоро, односно за околу 20 дена.

Посочи дека реконструкцијата на мостот „Гоце Делчев“ би требало да биде завршена во текот на летниот период.

Нагласи дека во моментов Град Скопје работи на три булевари, „Асном“, „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски-Карпош“, како на мостот кај Момин поток.

Во однос на тендерот за тунелите под Кале, Шилегов истакна дека постапката е завршена и оти се чекаат рековите за евентуални жалби од понудувачите.

– Град Скопје годинава ќе добие проект за тунелите под Кале. Нешто што постои во генералните урбанистички планови од 1965 година, но за жал никој во минатото нема изработено ниту еден документ кога е тој проект во прашање. Убеден сум дека во текот на идната година, согласно ветувањата на Владата за финансирање на тој проект, Град Скопје ќе врши постапка за јавна набавка за изведба на тунелите, рече градоначалникот на Град Скопје.

Најави дека во претстојниот период ќе се одвиваат повеќе градежни работи, апелирајќи до граѓаните да бидат трпеливи поради сообраќајниот метеж што ќе биде создаден.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски