(ВИДЕО) Шешељ: Груевски преку Србија, обезбедуван од српски четници, премина во Унгарија

Од:

Никола Груевски преку Србија премина во Унгарија, а четнички баојнети го обезбедуваа до Хоргош, изјави Војислав Шешељ ов емисијата „После ручка“ на телевизија Хепи.

– Најновата вест е дека нашиот брат Никола Груевски од Македонија преку Србија отиде во братска Унгарија, рече лидерот на српските радикали.

Шешељ додаде дека Груевски на тој начин го избегнал апсењето, на како што рече, предавничката власт на Зоран Заев.

– Кога се појави на српската граница, го прифатија српски четници и четнички бајонети го обезбедуваа се до Хоргош, а таму во 5 часот утрото на 12 ноември премина во Унгарија, откри Шешељ.

Би можело да ве интересира

Шешељ: Во Сребреница се случи воен злостор, но тоа не беше геноцид

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави