(ВИДЕО) Шеќеринска: ВМРО-ДПМНЕ го откажа учеството во работната група за избирачкиот список и изборна регулатива

Од:

Стана јасно дека Никола Груевски се плаши од фер и демократски избори. Стана јасно дека Груевски бега од имплементација на договореното и бега од соочување со вистината.

Вие бевте сведоци дека на денешниот прв состанок на работната група којашто беше задолжена за планирање и спроведување на европските препораки од Извештајот на Прибе, согласно договорот од 2-ри јуни – дека ВМРО ДПМНЕ само половина час пред закажаната средба го откажа своето присуство и учество. ВМРО ДПМНЕ денеска преку министерот за надворешни работи Никола Попоски во Брисел се фали со постигнатиот договор, а денеска истата партија овде во Скопје, го кочи договореното.

За Груевски очигледно е поважно сончањето во Тел Авив, отколку реализација на обврските коишто ги превзема и тој и сите останати, односно договорот на 2-ри јуни согласно извештаите на Европската Унија.

Станува јасно дека европската перспектива на Република Македонија апсолутно е незначајна за премиерот и за неговата Влада.

Ваквиот однос на ВМРО ДПМНЕ, ваквиот однос на Груевски за нас е неприфатлив и тоа мора да се примени час поскоро. Ова го соопштуваме денеска пред јавноста во Македонија, ова денеска ќе го соопштиме и на меѓународната јавност, рече заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска.

Нецел половина час пред состанокот, добивме информација дека ВМРО ДПМНЕ го откажува своето учество на средбата. Добивме неколку контрадикторни одговори. Мислам дека нема оправдување за ваквото однесување. Ако велевме дека час поскоро мораме да почнеме да ги реализираме овие обврски, ако велевме дека европската интеграција и членството на Република Македонија во Европската Унија е заедничката точка на сите потписници на договорот, денеска беше моментот кога тоа требаше да се покаже на дело. Неприфатливо е цел ден да кажуваме дека министерот за надворешни работи ќе соопштува напредок во Брисел, пред Советот за асоцијација и стабилизација ќе се пофалиме дека еве постигнавме некаков договор, а токму владејачката партија на дваесет минути пред закажаната средба да го кочи, да го крши договореното и по се изгледа да купува време.

На прашање која беше реакцијата на Ван Хаут Шеќеринска упати на претставниците на ЕУ.

-Јас не можам да зборувам во нивно име, меѓутоа јас сакам да кажам како претставник на една од партиите којашто требаше да учествува во работната група, како претставник на една од партиите којашто презеде обврски, дека ваквото однесување од страна на ВМРО ДПМНЕ е апсолутно неприфатливо и се гледа дека целта е да се купува време, а да не се спроведуваат реформите коишто ги бараат и македонските граѓани, меѓутоа ги бара и Европската Унија.

Таа кажа дека СДСМ јасно денеска ќе соопшти дека ваквото купување време е неприфатливо. На прашање дали лидерот на СДСМ, Зоран Заев е на одмор таа одговори:

Не е. Меѓутоа видовме дека премиерот е.

Според Шеќеринска денеска не требало да биде тема на дебата државната изборна комисија, туку измените во изборната регулатива и особено прочистувањето на Избирачкиот список.

-Значи две многу многу важни теми и како што видовте оние коишто што го прават тоа што го кажаа дека го прават, беа таму, но жалам што оваа дебата денеска очигледно немаше шанси да се одржи. Ако некој сака фер и демократски избори нема никаква аргументација и потврда да се бега од дебата за Избирачкиот список и нема потреба да се бега од дебата за изборната регулатива, рече Шеќеринска.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска: За мене завршена е темата за инцидентот со пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска

Гаши: Владата треба да биде внимателна во Собранието како се однесува кон пратениците

СДСМ: Елена Петрова ја лаже јавноста, повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци

(ВИДЕО) СДСМ: Кочоска да си даде оставка, министерка која понижува граѓанка не заслужува да води министерство

Горан Наумовски

Петрушевски: СДС да го осуди и исклучи Филип Андов-Сокол, од затворот Шутка направил хотел

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Нема повеќе „како до сега“, нема повеќе недопирливи функционери