(ВИДЕО) Шеќеринска: Срамна одлука, Обвинителството го спасува Вељаноски

Од:

Сојузот на иднината предводен од СДСМ протестирашее пред Јавното обвинителство, поради тоа што ја одби кривичната пријава против претседателот на Собранието Трајко Вељановски за злоупотреба на службената положба, а која беше потпишана од сите пратеници на СДСМ.

Радмила Шеќеринска порача дека бојкотот престана, но отпорот продолжува. Обвинителството обвинува, но секого освен власта, нема храброст да обвини никого од власта.

„Пред неколку дена бевме информирани дека кривичната пријава заради настаните од црниот понеделник дека се отфрла од Обвинителството. Тоа го направија скришно од очите на јавноста, за да му ја олеснат посетата на Трајко вељановски на Индија на државен трошок.

– Сето она што го виде целата јавност, не беше доволно обвинителството да покрене постапка за грубото кршење на законите и Уставот и злоупотребата на службената положба на Трајко Вељановски.

– Сега можеби ни е појасен фактот дека обвинителот одлучи своето прво појавување во јавност да биде со директорот на ДБК и со најомилениот партнер на Никола Груевски, Амди Бајрам.Претпоставувам дека учеството на ромскиот бал го спречи јавниот обвинител да погледне се што се случуваше на 24. декември, а ова однесување на луѓе платени од народот е недозволиво.

– Сите овие кои се одлуќиле да вршат партиски задачи ќе мора да одговараат пред народот“, рече Шеќеринска.

„Власта смета дека ако ја добие опозицијата да учествува на локалните избори, со тоа нашата енергија за отпор ќе престане. Денеска го покажуваме отпорот пред институцијата која заборавила на својата функцијата“, порача Шеќеринска.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија