(Видео) Шекеринска во Битола: Одлучни сме, заедно си ја враќаме државата

Од:

„Нашата земја заслужува напредок“ порачаа битолчани од улиците на Широк Сокак со кои се сретна заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска при вчерашната посета на Битола. Се разговараше за проблемите што ги тиштат, за големата безработица, за егзодусот на младите од Битола и битолско, за лошото владеење на власта.

Прошетката по битолскиот Ат пазар, по Градскиот пазар, Старата Чаршија ја покажа суровата реалност дека продавачи има многу, купувачи скоро воопшто и да нема.

Купувачите се стискаат што ќе купат, продавачите едвај ја обезбедуваат егзистенцијата.

Дуќани во чаршијата и на пазарите, за коишто пред десетина година се чекало на ред да бидат изнајмени, сега се празни, напуштени и оставени на забот на времето.

„Луѓето си заминаа. Огромните казни им ги затвораат дуќаните“, загрижено коментираат битолчани.

12096193_10153070374185163_4551147307516134143_n

Заменик претседателката на СДСМ, Шекеринска рече дека СДСМ има визија како да ја нормализира државата. Парите ќе се вратат кај граѓаните, ќе се обезбедат услови за пристојна работа на сите граѓани, ќе се врати средната класа во Македонија којашто ќе обезбедува мирен и достоинствен живот на сите граѓани.

Во центарот на Битола заменик претседателката најави дека СДСМ ќе се заложи и за комплетна реконструкција и ставање во употреба на напуштениот Офицерски дом, којшто е оставен руиниран поради огромната негрижа за спомениците на културата од локалната и централната власт.

Средбите со граѓани продолжија во Нова Битола и Кукуречани каде што заменик претседателката на СДСМ, Шекеринска, порача дека СДСМ е одлучна заедно со граѓаните да ги направи промените во Македонија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања