(ВИДЕО) Шекеринска-Столтенберг: НАТО е подготвен да ја пречека Македонија да биде 30. земја членка

Од:

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, заедно со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за време на неговата посета на Македонија, беа во посета и на Полкот за специјални операции во касарната „Илинден“. Пред министерката Шекеринска и генералниот секретар Столтенберг припадниците на Полкот за специјални операции изведоа две показни вежби, а прикажаа и дел од боречките вештини.

За време на посетата на касарната „Илинден“, Шекеринска потсети дека повеќе од 4 000 припадници на нашата армија учествуваа во различни мисии предводени од НАТО во изминатите години.

Генералниот секретар на алијансата, Столтенберг, рече дека војниците на АРМ се добро обучени и подготвени да бидат дел од тешки операции и напори за стабилизација во многу места во светот.

Тој се заблагодари за нивното учество во мисиите на НАТО и рече дека членството на Македонија во алијансата ќе биде предност за НАТО.

Би можело да ве интересира

Турција: НАТО е одбранбен сојуз и нема потреба да интервенира во Ормутскиот теснец

Болат: НАТО не е обврзан да ѝ помогне на Америка во војна

Руте: НАТО подготвен за мисија во Ормутскиот теснец

Раздорот во НАТО ескалира: Трамп бара одмазда

Келог: Време е за нов сојуз

Лидерот на „Ватан“ објави платформа за излегување на Турција од НАТО