(ВИДЕО) Шекеринска: Правдата и помирувањето не се исклучиви, тие се надополнуваат

Од:

Правдата и помирувањето не се исклучиви, тие се надополнуваат. Пораката што ја испрати вчера премиерот беше токму во таа насока дека на оваа држава и е неопходна правда, изјави вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во врска со вчерашната порака на премиерот Зоран Заев во обраќањето пред пратениците во Собранието каде што се расправа за уставни измени дека сега е момент за помирување.

– Тоа го ветивме и тоа го работиме. И покажуваме дека власта не е таа што одлучува како треба да функционира правната држава, додаде Шекеринска.

Таа истакна дека Владата не се меша, ги почитува основните права, но во истовреме поделена држава не е држава која оди напред.

На новинарско прашање дали доколку се направи компромис со обвинетите за настаните од 27 април, всушност граѓаните со својот глас ќе го казнат премиерот и власта на следните избори, Шекеринска на прес-конференцијата на која што таа, министерот за надворешни работи Никола Димитров и координаторот за НАТО Стево Пендаровски информираа за почетокот на претпристапните разговори, нагласи дека политички најлесно е да се продолжи со поделбите.

– Секој кој ќе го нападне другиот политички профитира, меѓутоа покажавме и во случајот со нашиот однос со соседите и во однос на нашата ситуација дома дека сакаме да водиме грижа за државните, а не за нашите партиски интереси, истакна Шекеринска.

Таа додаде дека има голем број теми околу кои политичарите може да имаат разлики, но оти има и теми за коишто е важно да се покаже заедништво.

Темата, додаде Шекеринска, за која што секогаш биле обединети граѓаните, но и политичарите е членството на Македонија во ЕУ и НАТО.

– Сега е момент да покажеме дека кога е најтешко и кога е најважно Македонија ги носи вистинските одлуки. Тука партиски и лични интереси не смеат да доминираат. Мислам дека премиерот беше многу јасен. Влеговме во оваа операција не за да успееме како личности и како партии, влеговме во сево ова за да успее нашата држава, истакна Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Руте за Трамп: Прави добро за НАТО, кога фалам некого, тоа се базира на факти

А1он

Таен состанок во НАТО, ќе се зајакнува военото присуство на Гренланд

Предраг Петровиќ

Мисајловски најави забрзана модернизација на одбраната во 2026 година

Руте: Европските држави подготвени за распоредување трупи во Украина доколку Москва го прекрши мирот

Горан Наумовски

Руте: Три земји-членки на Алијансата не даваат согласност за членство на Украина во НАТО

Зеленски: Ќе се откажеме од членството во НАТО ако добиеме силни безбедносни гаранции