(ВИДЕО) Шекеринска: Ќе има повисоки плати и пензии, доаѓа живот

Од:

„Денеска сме во Кичево и подаваме рака кон сите граѓани за заеднички живот без разлика на различностите, без разлика на припадноста, без разлика на тоа за која политичка партија гласале, на кој јазик говорат, или на која етничка припадница припаѓаат.

Сите сакаат живот во Македонија, а кога зборуваме за живот во Македонија, мислиме на повисоки плати и пензии.

Кога зборуваме за заеднички живот, зборуваме за минимална плата која веднаш ќе ја покачиме 12.000 денари, со цел чекор по чекор да порасне на 16.000 денари. Мислиме на просечна плата од 30.000 денари со која може да се прехрани семејство, со која може да се обезбеди пристоен живот.

Кога зборуваме за живот во Македонија, мислиме и на пензии коишто 2 пати годишно ќе ги усогласуваме со порастот на плати и порастот на трошоци.

Животот во Македонија, за нас, значи и фер даноци. Оние коишто имаат помалку да плаќаат помалку, живот во Македонија значи и поврат на 15% од ДДВ-то.

Во нашиот План за живот во Македонија ќе ги поддржиме домашните претпријатија со 140 милиони евра, 100 пати повеќе од она што денеска го добиваат од владата во заминување.

Целта ќе ни биде со повеќе пари во домашните претпријатија да влијаеме во зголемувањето на бројот на работни места и на зголемување на платите.

На тој начин младите ќе ги задржиме овде во Македонија.

На 11 декември гласајте за број 4. За живот во Македонија“, изјави Радмила Шекеринска, заменик претседателка и носителка на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 5.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион