(ВИДЕО) Шекеринска: Институциите да спроведат кредибилни избори

Од:

По денешната прес конференција, заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска одговараше на новинарските прашања.

Кој е ставот на СДСМ во однос на иницијативта на Унитети до Уставниот суд за нелегитимноста на изборите?

Тоа е задача за Уставниот суд кој за жал во минатото за исто прашање носеше две различни одлуки. Ние од самиот почеток рековме дека е добро и дека ќе поддржиме решавање на овој проблем, меѓутоа за жал кај владејачките партии немаше интерес дури ни да се даде конкретен предлог. Сметаме дека ова прашање може многу лесно да се корегира и затоа уште еднаш повотуваме дека за Република Македонија, најдобро решение е целата држава да биде една изборна единица. На тој начин ќе престанат сите сикусии дали гласот на секој граѓанин во државата подеднакво вреди. На тој начин ќе престанат и овие непродуктивни расрави околу границите, околу општините и околу начинот како да се поделат сите изборни единици во шест изборни региони.

Дали иборите може да бидат легитимни со вакво кршење на изборниот закон?

Ние сметаме дека секој ден сите институции на Македонија се на тест дали изборите се кредибилни или некредибилни. Начинот на кој треба да дојдеме до кредибилни избори е да ги почитуваме сите закони и заради тоа ние од наша страна, направивме се и ќе продолжиме да го правиме за да добиеме избори од кои граѓаните нема да се срамат, туку да се гордеат. Меѓутоа секој со својата одговорност.

Дали за вас е прифатлива идејата на Левица за изолирање на ВМРО-ДПМНЕ и дека никој од опозицијата нема да коалицира со нив?

СДСМ и здружената опозицијата почнаа процес на покажување на вистината за ВМРО-ДПМНЕ на цела Македонија. Зарем некој има дилеми која е нашата позицијата? Цела оваа процедура целиот овој период го помиавме, за никогаш повеќе ова да не и се повтори на Македонија. Се разбира дека секој оној кој смета дека ова е непрефитливо го споделуваме со нив ставот дека на македонската јавност и е јасно и ќе и биде јасно кој шурувал, кој шурува, кој се пазари со ВМРО-ДПМНЕ а кој одамна кажа дека ваква власт мора час поскоро да си замине.

 

Би можело да ве интересира

Филипче: Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот, да нема протести, да нема никаква организација

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Кузеска: Време е власта да одговара и за пожарите и за еколошката катастрофа

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Барам итни оставки од министерот за внатрешни работи и министерот за здравство, како и од директорот Стојанче Ангелов

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата