(ВИДЕО) „Шанса за Центар“ алармира: Кај „Холидеј Ин“ почнува градење со нелегална дозвола  

Од:

Деталниот урбанистички план по кој е издадена дозволата за градење кај „Холидеј Ин“ не е законски и ниту една дозвола издадена во согласност со овој план не може да биде легална, вели за „А1он“ Јана Белчева од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ која освои три советнички места во Општина Центар. Белчева вели дека борбата за ова земјиште во Советот на Центар ќе продолжи и покрај тоа што денес компанијата МГ „Фешн“ почна да го оградува просторот и преку соопштение извести дека официјално почнува со градење.

„Бев дел од Советот во Центар кој ги почна постапките за докажување дека се незаконски плановите донесени во 2012 во време на ВМРО – ДПМНЕ по кои се продаде јавен државен имот и земјиште, се бетонизираше општината и донесоа нехумани услови за живот во Центар. Планот за земјиштето кај ‘Холдеј Ин“ е со бројни утврдени недостатоци, законски прекршувања и непочитување на параметрите од Генералниот урбанистички план за Скопје. ‘Шанса за Центар’ и понатаму ќе ги бара правните правните механизми за заштита на ова земјиште преку своите претставници во Советот во Општина Центар за да се спаси овој простор. Наша цел е да го спречиме уништувањето и погазувањето на јавниот интерес наспроти интересот на моќниците кои, за жал, се заштитени од државните институции“, вели Белчева.

Единствена институција која ја поддржала нивната битка за заштита на јавниот интерес, Белчева вели дека е Државната комисија за спречување на корупција. Комисијата пред шест месеци поднесе иницијатива за барање кривична одговорност од лицата кои го донеле урбанистичкиот план со кој кај „Холидеј Ин“ се предвидени три шеесеткатници. Антикорупционерите иницираа да се отвори истрага за злоупотреба на службена положба за поранешните градоначалници на Центар, Владимир Тодоровиќ и Андреј Жерновски како и за раководителите на секторите за урбанизам во Општината во Градот и во Министерството за транспорт и врски.

Поранешниот градоначалник на Центар, Саша Богдановиќ, цел мандат најавуваше, но не успеа да го смени планот за шеесеткатниците, а Министерството за транспорт во 2018 година им дозволи на МГ„Фешн“ како сопственици на дел од земјиштето, да ја дооформат парцелата со откуп на државно земјиште. Годинава, пак, им беше издадена и градежна дозвола по стариот план, но за изградба на три дваесеткатници иако планот дозволува шеесеткатници. Одолговлекувањето на постапките во Обвинителството им овозможи денес да почнат со градба и покрај иницираните постапки од Државната комисија за спречување на корупцијата.

Би можело да ве интересира

Герасимовски издаде одобрение за нова единаесеткатница кај „Холидеј ин“; „Шанса за Центар“ го потсети дека планот е незаконски

Маја Илиевска-Пачемска

Инспекцијата од Центар не направила увид кај „Холидеј ин“ оти нема жалба, ниту поплака за новата дваесеткатница

Маја Илиевска-Пачемска

Градежен инспекторат: Центар треба да ја прекине градбата на дваесеткатницата кај „Холидеј Ин“

Градежниот инспекторат мижи за изградбата на дваесткатницата кај „Холидеј Ин“, „Зелен хуман град“ најави кривична

Маја Илиевска-Пачемска

Жители на Ново Маало: Поддршката за протестите на „Зелен Хуман Град“ е еднаква на нула

А1он

(ВИДЕО) Обвинителството да не го крие злосторничкото здружување за парцелите кај „Холидеј Ин“, не ни требаат дваесеткатници

Маја Илиевска-Пачемска