(ВИДЕО) Шахпаска: Тодоров, го уништивте здравството, одете си!

Од:

„Ако во Вас останало барем малку совест, човечност и доблест, ОДЕТЕ си од  позицијата министер за здравство!

Требаше да си заминете уште по смртта на Тамара. Како може еден пациент , пред се дете цели 3 години да лута по административни лавиринти низ  Вашите комисии за дозвола да се лекува во странство. Второстепената комисија  го одби  иако кај нас нема услови за лечење . Еден телефонски повик ,, од горе,, одлучи за детски живот. Цела македонска јавност се дигна на нога и бараше одговорност од Вас! А Вие ништо не направивте за ова. Најголемо лицемерие беше согласноста која им ја испративте ден после погребот. Со ова не  можете да спиетe. Во најмала рака членовите на комисија требаше да одговараат. До ден денес Вие не поднесовте одговорност. Во  држава со ненормална, корумпирана и забегана власт  како нашата докторот доби награда наместо казна. Е ова е да се нема совест.

Требаше да си заминете и заради смртта на родилката и нејзиното неродено бебе во Гевгелиската болница.Не може и не смее да се случи доктор во алкохолизирана состојба да дојде на работа, да влезе во сала и да одлучува за човечки судбини.  Одговорноста е Ваша зашто нема доволно доктори. Директорот кој Вие го поставивте мора да обезбеди  доволно персонал за својата болница. Вашите политики принудија 700 лекари да заминат во странство“, изјави по повод интерпелацијата на Никола Тодоров, Јагода Шахпаска, пратеничка.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on