(ВИДЕО) Шахпаска: Новата Влада ќе овозможи бесплатно болничко лекување за сите, ќе имаме современо јавно здравство!

Од:

„Новата реформска Влада ќе ја укине партиципацијата за болничко лекување.
Ќе има бесплатно болничко лекување за сите осигуреници. На тој начин гарантираме дека секој граѓанин ќе го добие потребното болничко лекување.

Здравјето на граѓаните е врвен приоритет за новата Влада. Затоа сме цврсто определени да создадеме квалитетно, ефикасно и модерно јавно здравство според успешни примери од европски земји.

Освен што ќе го направиме бесплатно болничкото лекување за сите, ќе овозможиме и достоинствени услови за лекување на клиниките. Ќе изградиме нов, современ, функционален, универзитетски Клинички центар што ќе обезбеди високо квалитетни услуги на граѓаните од целата држава. Ќе го преиспитаме скандалозниот, сомнителен, тендер за Клиничкиот центар што го реализира власта во заминување со технички овластувања во овие моменти на формирање нова Влада. Клиничкиот центар е ветен во 2012 година, а до денес единствен резултат се само тарабите пред кои се сликаа Тодоров и Груевски.

Тендер политиките ќе заминат заедно со овие неодгворни политичари. Новата Влада ќе изгради, реконструира и ќе ги опреми другите општи и клинички болници во Македонија за да осигура дека секој граѓанин ќе ја добие потребната здравствена грижа.

Ќе го олесниме и патот на граѓаните до потребниот лекар и медицинска услуга.

Проектот “Мој термин“ ќе го надградиме во систем што гарантира брза и квалитетна здравствена заштита на секое ниво. Пациентот ќе биде во центарот на вниманието. Ќе ги растеретиме докторите од непотребните и обемни административни процедури.

И ќе покажеме вистинска грижа за лекарите и за медициснкиот персонал на кои ќе им овозможиме професионална работа и мотивација да останат да работат во јавното здравство, наместо да заминуваат од него. Тоа ќе го постигнеме со зголемување на основната плата за 100 проценти за сите здравствени работници.

За сето ова да почне да се остварува неопходно е во најкусо време претседателот Зоран Заев да го добие мандатот и новата реформска Влада да почне да работи во интерес на сите граѓани“, изјави Јагода Шахпаска, пратеничка и членка на Комисијата за здравство на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски