(ВИДЕО) Шабановиќ: СДСМ продолжува со инвестиции во патната инфраструктура

Од:

„СДСМ продолжува со инвестиции за подобрување на патната инфраструктура во општина Центар.

Започна реконструкција на улицата „Никола Карев“ која заедно со улицата „Есенинова“ ќе го нормализираат сообраќајот во овој дел од градот“, вели Елвир Шабановиќ, советник во Советот на општина Центар.

„Овој зафат, во вкупна должина од 510 метри, чини 15 милиони денари и целата реконструкција ќе биде готова за 30 дена.

Ќе се скрати времето за движење меѓу општините Центар, Кисела Вода и Аеродром, а велосипедистите и корисниците на останатите видови алтернативен сообраќај – ќе имаат нови велосипедски патеки кои ќе ги спојат вело патеките на булеварите „К.Ј. Питу“ и „3-та Македонска бригада“, изјави Елвир Шабановиќ, советник во Советот на општина Центар.

„Водени од интересот на граѓаните, обезбедуваме сигурен и безбеден сообраќај за сите граѓани! Инвестираме уште повеќе за да биде уште подобро за сите“, додаде Шабановиќ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија