ВИДЕО: Северна Македонија и Грузија воспоставија дипломатски односи

Од:

За време на Минхенската безбедносна конференција, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров и министерот за надворешни работи на Грузија, Давид Залкалиани го потпишаа Протоколот за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји, соопштија од македонското МНР по средбата.

„Двајцата министри изразија очекување дека овој чин претставува вовед во отворање на ново поглавје во билатералните односи, интензивирање на политичкиот дијалог и продлабочување на соработката во сите сфери од заемен интерес.

На средбата беа разменети мислења и за актуелни теми од регионален и глобален интерес. Притоа, министерот Залкалиани упати честитки за потпишувањето на пристапниот протокол за членство на Република Северна Македонија во НАТО и го поздрави севкупниот напредок на нашата земја во процесот на евроатлантските интеграции, изразувајќи надеж дека и Грузија ќе успее да го изоди истиот пат кон остварување на своите надворешно- политички приоритети“, велат од МНР.

Во рамки на досегашното учество на Минхенската безбедносна конференција, Димитров оствари билатерални средби и со Розмари ди Карло, потсекретар за политички прашања на ОН и Карин Кнајсел, министер за надворешни работи на Австрија, а на маргините на настанот, разговараше и со своите хомолози од Хрватска, Бугарија, Албанија, Кипар, Белгија и Обединетото Кралство.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија