(ВИДЕО) Селмани: Нема да легимитимираме неконструктивен однос на владата

Од:

„На министерот Иво Ивановски му доставивме предлог во име на ЗНМ, ССНМ, МИМ, и Центарот за развој на медиуми со кој им нудиме како да се одвива дебатата за Законот за медиуми.

– Инсистираме дебатата да биде сеопфатна и да ни се даде можност да го анализираме законот да разговараме со колегите па после да кажеме што имаме. Рокот за законот мора да продолжи од 3 до 5 месеци.

– Сакам да ве потсетам дека ваквиот пристап на владата за нас е неконструктивен дека во рамките на дијалогот во изминативе две години владата не почитува ниту еден од заклучоците кои сме ги постигнале.

– Со сегашниот предлог закон имаме сознанија дека се проширува опфатот на ингеренции, никогаш не го објаснија законот, во текот на овие две години владата се обврза два пати дека ќе го објави законот но досега не го направи тоа. Ние нема да легитимираме процес кој што не гарантира дека ќе имаме време законот да го анализираме и да подготвиме сугестии, а уште повеќе тие да бидат прифатени.

– На сите претставници на ЕУ во Скопје им објаснивме дека сме заинтересирани да учествуваме во оваа дебата но и бараме минимум услови. Ако мислите дека ова е што се случи денеска е дебата, да зборуваат за законот, а ние уште не го знаеме законот, тогаш проценете сами што е тоа“, изјави Насер Селмани.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ