(ВИДЕО) Селмани: Ако треба и преку меѓународната заедница ќе биде спречен законот за владино рекламирање

Од:

Новиот предлог закон за владино рекламирање претставува начин да преживеат провладините медиуми кои веќе почнаа да должат и кратат плати на вработените, а дел од нив веќе почнаа и со „чистка“ на вработени поради немањето на финансиски средства.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани за А1он истакна дека доколку овој закон помине и на собраниска седница, тој ќе биде доставен до меѓународната заедница, за која е сигурен дека нема да прифати легализација на корупцијата на медиуми.

Со новиот закон повторно ќе се вратат парите на истите медиуми кои до сега преживуваа од парите на граѓаните, единствениот новитет е внесување на независни медиуми преку кои влада ќе покажува „транспарентност“ во делењето на парите.

– Ако овој закон помине, главен и одговорен уредник на медиумите ќе биде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, рече Селмани.

Во предлог законот кој треба да се најде на собраниска седница не е прецизирана точната сума која ќе се дели на медиумите, единствено се објаснува дека се работи за суми над 100.000 евра.

Во законот уште се предлага националните телевизии да добиваат 75% од вкупната сума определена за владино рекламирање, а останатите пари да се поделат на регионалните телевизии, весниците и интернет порталите, а рејтингот на телевизиите да се мери преку Агенцијата за медиуми, иако како што потенцираше Селмани, тоа не е нејзина работа.

– Секаде во светот телевизиите одбираат една агенција на која сите ќе и веруваат, која ќе го мери рејтингот, а сега кај нас тоа ќе го прави владата преку Агенцијата за медиуми, рече Селмани за А1он.

Преку скандалозниот закон за медиуми предложен од министерката за информатичко општество, Марта Арсовска-Томовска ги внесува интернет-порталите во медиуми иако владата цврсто стоеше на ставот дека тие не се медиуми.

Селективниот закон предвидува посетите на интернет порталите ќе се пресметуваат преку google analytics, што според Селмани е лесно манипулативна алатка.

Според закон, три весници и инетрнет портали на Македонски јазик ќе ја имаат „честа“ да добијат владини реклами и еден на јазикот кој го зборуваат повеќе од 20 отсто од граѓаните.

Сепак, останува нејасно зошто владата со сите сили се обидува да се рекламира во сите медиуми, кога може истото да го стори на трите канали на јавниот сервис, државното радио и веб сајтот на МРТ без да ги троши народните пари?

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Новинарските здруженија се против планот на Заев да ги врати државните реклами на медиумите

Жарко Настоски

СДСМ: Повлекувањето на Законот за владино рекламирање е победа на граѓаните

А1он

(ВИДЕО) Тунтев: Повлечен Законот за владино информирање, спречивме уште една лудост на ВМРО-ДПМНЕ

А1он

Селмани: Министерката призна дека владините кампањи се партиска пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ