И оваа сабота сум во Битола на средба со граѓаните. Сакаме да им укажеме, но и да им гарантираме на битолчани дека Битола е на врвот на агендата на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5
– Сакаме да им гарантираме дека Битола ќе биде културен, образовен, економски и енергетски центар. Ќе вложиме во РЕК Битола , комбинатот ќе биде во полн сјај и ќе бидат реконструирани блоковите.
Сакаме исто така да укажеме дека ќе вложуваме и во општина Битола. Секоја година општината од владата ќе добива 11 милиони евра, ќе се направат влезовите во Битола. Но, владата исто така ќе ја направи обиколницата до Меџитилија, ќе вложи многу средства за градот Битола.
Сакам да ги повикам битолчани во што поголем број на изборите на 8 мај да се приклучат исто како и во првиот круг за да донесеме една голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и победа за Македонија – рече Сајкоски.