(ВИДЕО) Се одржаа забетонираните избори на 5 јуни

Од:

Шарената револуција во паркот Жена борец спроти законодавниот дом ги одржа вторите одложени избори за кои владејачката партија велеше дека се забетонирани на 5 јуни.

Пред да гласаат, демонстрантите ја бетонираа гласачката кутија, а потоа ја пресекоа свечената лента и го пречкртаа носителот на листата на единствената партија која требаше да излезе на изборите.

Барањето да нема избори на 5 јуни беше едно од низата барања на Шарената револуција. По состанувањето на Собранието, во кое се одложија и овие избори, се уште се нема постигнато нов договор за тоа кога би можело да се одржат фер и демократски избори.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар