(ВИДЕО) СДСМ: Зошто не работи Центарот за аутизам во Штип само три недели од отворањето?

Од:

Само три недели по отворањето Центарот за аутизам во Штип не работи. Вратите се затоврени. Децата со аутизам од цела Источна Македонија и понатаму се незгрижени и без соодветна стручна едукација која им е неопходна за нивна социјализација и вклучување во секојдневното живеење, рече Марија Костова, советник од СДСМ и коалициските партнери.

Иако помпезно беше отворен на 26-ти септември, во присуство на министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, Центарот за аутизам за Источна Македонија не работи.

Очигледно за Никола Груевски се е гол популизам со кој власта предизборно сака да манипулира со одредена категорија на граѓани на кои им е потребна искрена помош.

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, како и локалната власт, на чело со градоначалникот Илчо Захариев треба да одговорат:

Зошто не работи Центарот за аутизам во Штип само три недели од отворањето?

Дали не е обезбеден кадар со соодветна стручна подготовка и затоа центарот не може да функционира?

Имате ли мирна совест после оваа манипулација? Ќе понесете ли одговорност?

За СДСМ унапредувањето на состојбата на лицата кои живеат со аутизам и нивното интегрирање во општеството е исклучително важно и ќе продолжиме да алармираме, да прозиваме и да се бориме за нивните права.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Комични изјави на Мицкоски за кукавичко јајце – не знае како да се извади што помилуваа нарко босови

А1он

СДСМ: Наградата за животно дело за владиката Петар е скандал без преседан во режија на ДПМНЕ

А1он

СДСМ: Просечна плата над 1.000 евра, минимална од 600 евра во новиот наш мандат

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ со рацете во медот, мора да има одговорност за скандалот со купувањето поскапи машини

ВМРО-ДПМНЕ за Апасиев: Коалициониот партнер на СДСМ и ДУИ го сака Хамас, се поклонува на Енвер Хоџа, молчи за онкологија

А1он

Ковачевски: Опозицијата шири етнички тензии и нѐ враќа во 2001, демократска Влада на СДСМ направи голем исчекор во слободата на медиумите