(ВИДЕО) СДСМ: За светот иднина, во Македонија згазени – Ден на учителите

Од:

Денеска кога светот го одбележува Светскиот ден на учителот, со пораката “Инвестирај во иднината, инвестирај во учителите”, за Македонија важи мотото “Притисни ги учителите, згази го нивното достоинство“, рече Вангелина Мојаноска, членка на Комисијата за образование и наука и координаторка за образование при Форум на жени на СДСМ.

Изразуваме сериозна загриженост за состојбата во којашто се наоѓа учителската дејност во Македонија.

Како што можеме да видиме, денес, македонскиот учител, наставник, професор е понижен како никогаш досега.

Доведен е на маргините на општеството, преоптоварен со администација, потиснат од сите страни, а зад сето тоа стои власта на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Наставниците денес имаат зголемен обем на работа, а ниски плати.

Во моментов на некои од професорите им се намалуваат платите, ако оценките не соодветствуаат со резултатите од екстерното тестирање.

Додека светот е ориентиран кон иднината на професорите и подобрување на нивните услови за работа, во Македонија професорите имаат проблем да ги остварат своите елементарни права.

Социјалдемократскиот сојуз инсистира на унапредување на дејноста и правата на учителите.

По тој повод денес Форумот на жени на СДСМ ќе одржи трибина по повод Светскиот ден на учителите и ја испраќа пораката за подигнување на дигнитетот на наставничката професија, унапредување на образовниот систем, наместо негова маргинализација.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски