(ВИДЕО) СДСМ: Во куќата на Јанакиески, странска фирма што доби милионски бизнис?!

Од:

„Изгледа, нема крај на скандалите поврзани за министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, а ниту со скандалозните врски на министрите во Владата на Груевски со странски компании во земјава.

Од цела Македонија, токму во куќата на министерот Јанакиески во Прилеп е седиштето на германската фирма Лудвиг Фајфер.

Тоа е токму таа фирма, којашто е избрана да ја гради канализациската мрежа во Прилеп, во рамки на милионскиот проект Пречистителна станица“, рече на денешната прес-конференција, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

„Еве го Имотниот лист. Сопственик на куќата од 355 м2 на улица Браќа Ламески, број 32 е Миле Јанакиески.

Еве ја Тековната состојба на фирмата Лудвиг Фајфер, подружница Прилеп, регистрирана во септември 2013 година. Адреса БРАЌА ЛАМЕСКИ, БРОЈ 32–ПРИЛЕП.

IL13843

Проектот тежок 30 милиони евра, европски пари и пари од Буџетот на граѓаните на Република Македонија, почна токму со реконструкција на канализациска мрежа во Прилеп, а изведувач на работите, како што изјави лани директорот на прилепското јавно претпријатие Водовод и канализација, Сашо Николоски, е германската фирма Лудвиг Фајфер.

IL13843 str 2

Сега, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески треба да објасни:

-Како токму странска фирма регистрирана во неговата куќа, добила милионски бизнис во проект координиран помеѓу Владата на Груевски и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп?

Tekovna sostojba

-Како се случило од сите можни локации во Прилеп и низ Република Македонија, токму куќата на Миле Јанакиески во Прилеп да биде седиште на подружницата на германската компанија во земјава?

-Каква е врската на Миле Јанакиески со фирмата Лудвиг Фајфер“, праша Шилегов.

Tekovna sostojba 2

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“