(ВИДЕО) СДСМ: Во екот на кампањата за здрава, власта дели расипана храна

Од:

Во екот на кампањата на владата за здрава храна, во оваа народна кујна во Бутел, поделена е расипана храна!

DOPIS MCS

Овој документ, на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, покажува дека на 17-ти октомври низ сите народни кујни на територијата на Скопје дистрибуирана била расипана храна“, рече Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

„Дел од корисниците на оваа народна кујна земале од храната и забележале дека е расипана.

Се проширила паника и страв. Кога се прочул скандалот останатите граѓани не ја земале храната ниту за тој ден ниту за деновите што им следувала, за викендот.

Голем број граѓани, на кои била неопходна храната, останале гладни цел викенд а Министерството за труд и социјална политика не превземало ништо.

Владата на Груевски, има 456 илјади евра за кампања за здрава храна, а нема за вистинска храна на оние кои им е најнеопходна.

Тоа е крајно неодговорно и го покажува односот на власта кон ранливите категории граѓани кои немаат ниту за парче леб.

Власта целосно го погази достоинство на овие наши сограѓани“, изјави на денешната прес-конференција Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

„Министерот за труд и социјална политика е должно да одговори зошто дозволило да се подели расипана храна во народните кујни?

Зошто ништо не е превземено да им се обезбеди храна на граѓаните на кои им е најпотребна?

Како е можно фирма со која е склучен договор за соработка на 13.10.2014, за само четири дена, на 17.10.2014  да достави расипана храна до корисниците?

Кој ќе понесе одговорност?

Ваквото однесување на власта го девалвираше системот на нардони кујни и тие не даваат резултат. СДСМ смета дека се потребни промени.

Пример, за едно четиричлено семејство кое зема храна од народна кујна се издвојуваат 302 денари дневно или 9.060 денари месечно. А социјалната помош за четиричлено семејство е 5.173 денари.

Корисници на народна кујна се 3.957 лица, а корисниц социјална парична помош се околу 34.000 домаќинства.

Еве решенија на СДСМ кои значително ќе ја подобрат состојбата на загрозените граѓани:

–      Предлагаме загрозените семејствата да добиваат 9.000 денари како додаток за храна. На тој начин граѓаните би се чувствувале подостоинствено, нема да бидат приморени да одат и да чекаат во ред за храна.

Дополнително, граѓаните не би биле во ризик да добијат расипана храна и би се хранеле многу поздраво. Постоењето на народните кујни би било целосно непотребно.

–      Наместо народни кујни за старите и изнемоштени лица предлагаме центри за палијативна грижа во домашни услови кои ќе дадат вистински резултати во обезбедувањето на храна и нега за старите и изнемоштени лица“, вели Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“