(ВИДЕО) СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да реализира ниту еден проект во Струмица

Од:

Криминалната власт на Никола Груевски 10 години мислеше само на тоа како да се збогати. Затоа ВМРО-ДПМНЕ не може да реализира ниту еден проект во Струмица. Од овие причини се уште незавршените проекти ги пуштаат во употреба само за пред камерите и само за пропаганда, платена со милионски суми народни пари, вели Костадин Костадинов, портпарол на ОО СДСМ Струмица.
 
Пред речиси два месеци, на 3 април, Никола Груевски, овде, во Струмица, присуствуваше на  предавањето во употреба на новата административна зграда во којашто требаше да бидат сместени неколку државни институции.

Груевски вети дека за два месеца објектот ќе биде опремен со мебел и ќе отпочне со работа.

Еве сме на лице место. Објектот се уште стои празен како нем сведок на уште една лажна и расипничка политика на Груевски и ВМРО ДПМНЕ. Објектот предаден во употреба, во реалноста не  е во употреба.

Тоа е поранешната зграда на МВР која што беше реконструирана и по желба на Груевски стиропорски нашминкана со барокни елементи и високи столбови, налик  „Скопје 2014“.

Но, ништо од најавуваното опремување на административната зграда. Уште еден пропаднат проект на криминалната власт.

Ете, тоа е Никола Груевски. Ете, тоа е ВМРО ДПМНЕ. Од пресечената црвена лента остана само оваа жолта лента со која обично се оградува местото на некој злочин.

Времето на Груевски истекува. Злосторниците ќе одговараат за своите злочини. 

Доаѓаат промени за подобар живот и сигурна иднина на сите граѓани во Република Македонија, што ќе ги донесе нова, чесна, одговорна и транспарентна Влада предводена од СДСМ и Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Комични изјави на Мицкоски за кукавичко јајце – не знае како да се извади што помилуваа нарко босови

А1он

СДСМ: Наградата за животно дело за владиката Петар е скандал без преседан во режија на ДПМНЕ

А1он

СДСМ: Просечна плата над 1.000 евра, минимална од 600 евра во новиот наш мандат

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ со рацете во медот, мора да има одговорност за скандалот со купувањето поскапи машини

ВМРО-ДПМНЕ за Апасиев: Коалициониот партнер на СДСМ и ДУИ го сака Хамас, се поклонува на Енвер Хоџа, молчи за онкологија

А1он

Ковачевски: Опозицијата шири етнички тензии и нѐ враќа во 2001, демократска Влада на СДСМ направи голем исчекор во слободата на медиумите