(ВИДЕО) СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги остави учениците од Велес без греење

Од:

Катастрoфалната политика на ВМРО-ДМПНЕ во образованието ги остави учениците од Велес без греење на првиот училишен ден од второто полугодие. Учениците од „Васил Главинов“ биле прунудени да ја следат настава со јакни, шалови и ракавици за да не смрзнат поради тоа што немало греење, велат од СДСМ Велес.

И во основното училиште “Блаже Конески“ учениците биле оставени без парно греење да се смрзнуваат во училниците. Дополнително, од непознати причини не им било дозволено на наставниците да вклучат дополнителни грејни тела.

Ова се случува во 21 век во Велес, децата мрзнат во ладни училни.

Хаотична е состојбата и во ученичкиот дом Лазар Лазаревски .Не само што учениците биле оставени без парно греење во текот на вчерашниот ден туку немало никој од вработените за да ги смести учениците од другите градови.

Наместо веднаш да се регира и веднаш да се обезбедат основните услови за да може децата нормално да ја следат наставата, стоплени наместо смрзнати, денеска исто така нема греење во училиштата.

Ете таква е „грижата“ на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски за образованието, за младите.

Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Велес и градоначалникот Славчо Чадиев треба да одговорат зошто не обезбедија греење во училиштата? Зошто ги оставија децата да се смрзнуваат?

Срамно и крјано неодговорно е да се остават децата, учениците, во 21 век да смрзнуваат во ладни училни.

Дали парите што се наменети за нафта за греење се пренаменети за да се обезбедат плати за партиските вработувања во дел од училиштата?

Зошто Министерството за образование не реагира?

Родителите, граѓаните, учениците, очекуваат одговори и решавање на овој сериозен проблем.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он