(ВИДЕО) СДСМ: Власта се заштити, вината ја префрли на синдикатите

Од:

„Бројот на повредени работници за време на работа во последните 4 години е пораснат за 100 проценти! Од 625 во 2010 година, на 1338 во 2013 година.  2012 е најнесреќна година за работниците во време на владењето на Груевски. Тогаш, дури 1446 работници биле повредени, додека ја извршувале својата работа.

За истиот период, во пораст е и бројката на смртни случаи на работници, на работното место“, изјави на денешната прес-конференција Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

povredi rast smrtni slucai rast

„Ова се многу сериозни бројки!

Овие бројки алармираат дека власта на Груевски не само што не ги штити работничките права, туку се обидува да се извлече и од одговорност.

На тоа упатуваат и последните законски измени, што се многу штетни за работниците.

Претходно претпријатијата мораа да гарантираат со изјава, секоја година, дека ги исполнуваат условите за безбедност и здравје при работа на вработените. Сега Владата оваа одговорност им ја префрли на синдикатите во фирмите“, рече Царовска.

„Што ако фирмата не побара мислење од Синдикатот? За тоа во Законот нема казнена одредба.

-Ако Синдикатот под притисок, или поради блискост со работодавачот, се согласи дека фирмата ги исполнува условите за безбедност и здравје на работниците, дали тоа значи дека вработените кои не се согласиле со ваквата изјава, нема да смеат да си ги бараат своите права?

Ако сето ова го товарат на синдикатите во претпријатијата, за што ќе постои Инспекторатот за труд?

Оваа измена на власта е самата власт да се заштити од одговорност, ако на некој работник му се случи нешто поради несоодветни услови за работа. Не за да заштити работнички права! Бидејки одговорноста се префрлува на синдикатите, кои се секако составени од работници.

Порачуваме на синдикатите во организациите, да го кренат гласот против ова што им го договорија синдикалните лидери со власта, бидејки последиците ќе паднат врз нив!

СДСМ бара  Закон за безбедност и здравје што ќе биде целосно усогласен со европските директиви, со што вработените навистина ќе бидат заштитени, синдикатите ќе го имаат местото што  им припаѓа, а на работодавачите безбедноста и здравјето нема да им биде трошок, туку инвестиција.

Додека власта ова не го направи, секоја повреда на работниците на работното место или несреќен случај ќе биде исклучиво одговорност на оваа власт“, вели претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт