(ВИДЕО) СДСМ: Власта покажа целосна негрижа за поплавените

Од:

„Ситуацијата со поплавите е далеку од нормализирана. Граѓаните и земјоделците претрпеа огромни штети и мора итно да им се помогне. Водата се уште не е повлечена што претставува дополнителен проблем.

Општините погодени од поплавите мора веднаш да ги направат проценките на штетите и да ги достават до Државната Комисија за проценки на штети“, рече на денешната прес-конференција претседателот на Комисијата за локална самоуправа Дејан Павлески, Штип.

„Владата мора итно да обезбеди доволно средства за санација и обештетување на сите погодени од поплавите.

СДСМ апелираше до власта веднаш да започне со процедурите за аплицирање до Фондот за солидарност на ЕУ наменет токму за вакви природни непогоди.

Дополнително, СДСМ предложи пренамена на околу 7 милиони евра, наместо за барокни фасади, да им се доделат на поплавените граѓани.

Власта на Никола Груевски ништо од ова не прифати со што покажа целосна негрижа за основните потреби на поплавените граѓани.

Барањето на Владата за пренамена на ИПА фондовите за заштита од поплавите е елементарно непознавање на инструментите на ЕУ. ИПА е инструмент за претпристапување, а не инструмент за решавање катастрофи.

Во интерес на јавноста, Владата е должна да одговори дали го обнови своето членство во Механизмот за цивилна заштита на ЕУ и дали планира да го искористи овој механизам за доброто на оштетените граѓани? Бидејќи до ноември 2014 тоа не беше направено.

Поплавите немаше да се случат или барем не во таков размер доколку Владата не преземеше соодветни мерки за заштита и превенција. Каналите и речните корита не се исчистени повеќе од 10 години, не се изградени системи за наводнување и одводнување.

Со сето ова Владата на Груевски покажа целосна негрижа за граѓаните.

Но, сега нема време за чекање. Мора да им се помогне на поплавените граѓани“, изјави Павлески.

Би можело да ве интересира

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски