(ВИДЕО) СДСМ: Власта крие кој го финансира анонимното здружение

Од:

„Коце Трајановски продолжува да крие од граѓаните колку чинат, кој ги платил и кој ги изработил петте споменици кои ги донираше анонимното Здружение за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради.

Она што советниците на град Скопје го добија од Коце Трајановски за вредноста на инвестицијата и авторите на овие споменици не содржи ниту една информација, ниту еден одговор.

Не само што крие Коце Трајановски, туку кријат и надлежните институции. Ова се дописите што ги добивме од Управата за јавни приходи и од Управата за финансиско разузнавање“, рече Дамјан Манчевски.

„И УЈП и Управата за финансиско разузнавање се прогласуваат ненадлежни за случајот.

Тогаш кој е надлежен? Кој е надлежен во оваа држава да го утврди потеклото на парите на донатор кој се крие од јавноста, кој има приходи од вкупно 45.000 евра за 3 години и кој донира на градот Скопје споменици кои вредат минимум неколку стотици илјади евра?

Doc 1

Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ можат да се кријат, можат да ја префрлаат одговорноста, да лажат, но граѓаните не можат да ги измамат. Граѓаните знаат дека ова е непотребен раскош и луксуз. Знаат дека зад овој скандал се кријат трансакции на пари без соодветно покритие.

Граѓаните имаат право да знаат кој е вистинскиот финансиер на спомениците што наводно ги донира анонимното здружение. Граѓаните имаат право да знаат дали зад сето ова стои лично Никола Груевски“, изјави на денешната прес-конференција Дамјан Манчевски, советник во Советот на Град Скопје и потпретседател на СДСМ.

strana 1 strana 2

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра