(ВИДЕО) СДСМ: Власта да скрати на мебел и за малите фирми да одвои 100 пати повеќе од предвидените 146 илјади евра

Од:

Малите и средни претпријатија во Македонија не се во агендата на актуелната власт. Во предлог Буџетот на Република Македонија за 2015 година се предвидуваaт само 9 милиони денари или 146 илјади евра за поддршка на развојот на малите и средни претпријатија во земјава, рече Драган Тевдовски, претседател на Комисијата за економија на СДСМ.

Има ли некој што верува дека 146 илјади евра ќе го придвижат развојот на овие фирми?

Или домашните мали и средни претпријатија се единствено за полнење на државната каса преку даноци и казни? Додека странските фирми се привилегирани, од даночни ослободувања, па се до директна финансиска поддршка.

Јавноста треба да знае дека во Македонија активно работат 70.859 мали и средни претпријатија (вклучително и микро претпријатија).

За СДСМ, домашните мали и средни претпријатија се основата на развој на земјава. Тие, според нашата Програма, ќе бидат еден од столбовите на новата развојна стратегија на економијата.

Постојат многу региони во Европа (како на пример, Баден Витенберг) што успеале да постигнат значаен економски раст, преку развојот на малите и средни претпријатија.

Дополнително, последната економска криза покажа дека во земјите од ЕУ, малите и средни претпријатија се важен стабилизатор на ефектите од рецесијата, во споредба со големите претпријатија, бидејќи кај нив во време на криза бројот на отпуштените вработени е значително помал од оној на големите претпријатија.

tabela

Ние сметаме дека во Буџетот за 2015 година за поддршка на малите и средни претпријатија треба да се издвојат 1 милијарда денари, или 114 пати повеќе средства од она што го планира актуелната власт. Оваа сума може да се добие ако за 17 проценти се намалат буџетските ставки за: патни и дневни расходи, договорни услуги, други тековни расходи, купување мебел, и изградба и реконструкции на згради за државните органи.

СДСМ смета дека овие буџетски средства треба да се искористат во цел еден систем за поддршка на домашните мали и средни претпријатија, што би вклучувал бизнис инкубатори, кофинансирање на постоечки бизнис центри, формирање мрежи и кластери, подобро поврзување на домашните со странските инвеститори и промоција на домашни претпријатија на странски пазари.

СДСМ планира буџетската поддршка за домашните мали и средни претпријатија да ја зголемува низ годините, преку мултипликативниот ефект што ќе се оствари со растот на овој сектор во економијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања, затоа изгубија 140.000 гласови

А1он

ВИДЕО: Нова оставка во СДСМ и повик за смена на раковдството

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски