(ВИДЕО) СДСМ: Власта да го откупи вишокот произведен тутун

Од:

Денеска посетивме неколку тутунопроизводители во околината на Прилеп и се уверивме дека тутунарите се во многу лоша финансиска состојба, речеТатјана Прентовиќ, претседателка на Комисијата за земјоделство на СДСМ.

Егзистенцијата им е доведена во прашање. Затоа што субвенциите не се во целост исплатени а репроматеријалите се поскапени за два до три пати. Ѓубривото, заштитните средства, секако нафтата и наводнувањето. Се е поскапено, вели таа.

Поради лошите временски услови оваа година квалитетот на тутунот е влошен. Затоа апелираме до откупувачите, откупот на тутунот да го забрзаат и роковите за откуп на тутунот да ги скратат. Во спротивно квалитетот на тутунот уште повеќе ќе се влоши и ситуацијата ќе стане поалармантна.

Оваа година помеѓу тутунарите и откупните компании постои договор за откуп на околу 25 милиони килограми тутун. Наспроти вкупно произведените на ниво на држава коишто изнесуваат околу 30 милиони килограми. Тоа значи дека недоговорени за откуп остануваат околу 4 до 5 милиони килограми тутун.

Затоа апелираме и го повикуваме Министерството за земјоделство да застане во одбрана на тутунарите. Да го откупи вишокот на произведен тутун и да ги заштити тутунарите. Апелираме тоа да го направи до крајниот рок а тоа е до 15-ти март 2015 година и на тутунарите да им ги додели субвенциите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?