(ВИДЕО) СДСМ: Владата призна за оставените земјоделци во Пелагонија без вода

Од:

Власта на Никола Груевски преку Јавното претпријатие Стрежево призна вина за оставените земјоделци во Пелагонија без вода на пеколните температури над 40 степени.

Недозволиво е и срамота е Јавното претпријатие Стрежево и ВМРО-ДПМНЕ за недостигот на водоснабдување на земјоделските површини да се правдаат со свлечиште предизвикано од елементарна непогода што се случила на почеток на годината.

Што чекаше власта на Груевски половина година досега?

Што презедоа досега за да го санираат свлечиштето?

Не знаеа дека доаѓа лето и дека на земјоделците ќе им треба вода?

Каде се потрошени парите на земјоделците кои редовно си ги плаќаат сметките кон ЈП Стрежево и каде се парите на граѓаните од даноците?

Надлежните од власта на ВМРО ДПМНЕ можеа да го спречат проблемот со недостиг на вода со којшто се соочува речиси цела Пелагонија.

Нашите информации од теренот говорат дека земјоделците ќе претрпат сериозни штети врз квалитетот на родот.

За тоа ќе мора да има одговорност.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Комични изјави на Мицкоски за кукавичко јајце – не знае како да се извади што помилуваа нарко босови

А1он

СДСМ: Наградата за животно дело за владиката Петар е скандал без преседан во режија на ДПМНЕ

А1он

СДСМ: Просечна плата над 1.000 евра, минимална од 600 евра во новиот наш мандат

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ со рацете во медот, мора да има одговорност за скандалот со купувањето поскапи машини

Николовски: Субвениција до 90%, повеќе за сите се и мерките за помали сметки на струја за граѓаните и компаниите

ВМРО-ДПМНЕ за Апасиев: Коалициониот партнер на СДСМ и ДУИ го сака Хамас, се поклонува на Енвер Хоџа, молчи за онкологија

А1он