(ВИДЕО) СДСМ: Владата итно да ги исплати субвенциите, а не да измислува изговори

Од:

Земјоделците добија новогодишна честитка од власта – нема да ги видат парите од субвенциите што им ги должи Владата на Никола Груевски. Откако власта лично ги излажа, им вети па не им даде субвенции за неколку години наназад, тие се испозадолжија, им течат и камати. Во надеж дека сепак ќе ги добијат своите ветени пари, тие сосема осиромашија, борејќи се за основна егзистенција. Во бескрајното чекање се јавува наводно Владата спасител, вели Татјана Прентовиќ, претседателка на Комисија за земјоделство.

За нивно добро, ќе им ги пребиела субвенциите што таа им ги должи, со долгови на земјоделците, за закуп на земјиште, воден надомест, пашарина, јавни давачки.

Прво, ако постојат земјоделци кои не ги подмириле сметките, а притоа знаат дека без тоа не им се одобруваат нови субвенции, тоа значи дека власта признава дека противзаконски одобрувала субвенции? Ако не е така, тогаш кои долгови ќе ги пребива државата со неисплатените субвенции на земјоделците?

Второ, за која година ќе се кратат субвенциите за покривање на долговите кон државата? За 2010, или за 2011, или за 2012, или за 2013, или пак за 2014, за којашто земјоделците немаат земено ниту денар?

Ако се покриваат долговите со субвенциите од последната година, тогаш каде се парите за субвенции што им се должат за претходните години?

Субвенциите не се добра волја на власта на Груевски, туку се обврска на државата кон земјоделците, загарантирана со закон. Затоа Владата го менува Законот. Со тоа покажува дека нема намера да им помогне на земјоделците туку има намера да се заштити од обврски кон нив а да пополни празната буџетска каса.

Затоа земјоделците, изморени со лажните ветувања, немаат избор и се приморани да ги прифатат измените на Законот, зашто во спротивно ќе им затропаат извршители на врата.

Потребни се комплетно нови, разумни и развојни земјоделски политики што оваа власт нема намера да ги создаде а не да ги спроведе. Доказ за тоа се и најновите измени на Законот со кои власта призна – да се направи обид за спасување и на постоечкото производството. Резултатот е јасен – оваа влада не создаде развој во земјоделството. Создаде само очајни, понижени и осиромашени луѓе чиј што труд станува бесмислен.

Ја повикуваме Владата итно да им ги исплати сите заостанати субвенции на земјоделците во Македонија, наместо да се крие зад некакви законски измени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?